logo
logo
logo

Бабо на службеном путу

АЛИ АХМЕТИ СЕ ПОВЛЕКУВА, сега Артан Груби зборува за политиката на ДУИ

Vecer | 14.11.2021

АЛИ АХМЕТИ СЕ ПОВЛЕКУВА, сега Артан Груби зборува за политиката на ДУИ

Откако се интензивира процесот за одговорност по воените злосторства на Косово, за што во истрагата се испитува и одговорноста на Али Ахмети, видно е дека Ахмети освен за изборите многу ретко се појавува во јавноста и зборува за политиката на ДУИ. Артикулатор и промотор на ДУИ последниве месеци е Артан Груби, според хиерархијата во власта прв потпретседател на владата и човек со највисока функција во ДУИ.

По седницата за соборување на владата на СДСМ и ДУИ и киднапирањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи за да пропадне обидот за смена на владата ситуацијата во Македонија е крајно поларизирана, а најмногу тензии има меѓу македонските Албанци кои сметаат дека ДУИ ја киднапирала и слободната политичка воља на Албанците во Македонија со опасност тоа да произведе и насилства, како што кажа Азем Садику, градоначалникот на Студеничани од редовите на Алијанса.

  • Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“.

– Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби.

Одговарајќи на новинарски прашања, Груби рече дека Левица е таа што правела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја.

– Јас не верувам дека во тие политички партии нема пратеници кои не сакаат Македонија да се зачлени во Европската Унија и да ги отпочне преговорите. ДУИ и ниту еден нејзин член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците, напротив жалиме што тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда, истакна првиот вицепремиер.

Груби, како што рече, се надева дека повеќе нема да им се врши притисок на пратениците и оти ќе ги остават да си гласаат по свои убедувања.

– Се надевам дека лидерите на тие партии ќе им дозволат на своите пратеници да гласаат и да поддржуваат по лично убедување, додаде Груби.

Тој нагласи дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат.

– Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk