logo
logo
logo

Алберт Муслиу ТУЖИ оти ОБЈАВИЛЕ ДЕКА ЗЕЛ КРЕДИТ, А НЕ ГО ВРАТИЛ

Vecer | 25.11.2022

Алберт Муслиу ТУЖИ оти ОБЈАВИЛЕ ДЕКА ЗЕЛ КРЕДИТ, А НЕ ГО ВРАТИЛ

Алберт Муслиу ги тужи основачите на Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка – Правда за штедачи Скопје, затоа што објавиле дека тој и брат му земале кредит од 400 илјади евра, а не го вратиле.

Тие треба да се соочат во понеделник, пред Основниот граѓански суд Скопје 2.

Петар Трајков, еден од основачите на здружението за МКД.мк вели дека тужбата што ја добиле индицира дека Муслиу имал последици, откако медиумите, а по претходно добиено соопштение од здружението објавија дека тој и неговиот брат на Еуростандард банка ѝ должат околу 400 илјади евра на име на кредит кој никогаш не го вратиле.

„Во тужбата пишува дека тужителот е во тешка психичка состојба и не може да спие. Медиумските написи му нанеле голема штета на угледот. Затоа тој бара оштета од еден милион денари", вели Трајков.

Во тужбата Муслиу се повикува на објавени текстови во медиумите во периодот од декември 2021 до јануари 2022 година како и на објави на официјалната фејсбук страница на здружението.

„Во текстот без ниту еден доказ или поткрепа на најгруб начин пред јавноста, тужителот и двете негови фирми се наведуваат со име и со презиме со тврдење дека тужителот ги злоупотребува државните органи за насилно да присвои имот во Гостивар кој наводно не бил нивен, туку бил во сопственост на Еуростандард банка. Се наведува дека тужителот вршел притисок на органите кои ја водат стечајната постапка со цел продажбата да не се реалзира до крај и кога не успеал нашол сојузник во Државното правобранителство Гостивар. Исто така се наведува дека во овој случај имало и злоупотреба на јавните овластувања и службената положба на државни функционери, проследени со сомнение за висока корупција и криминал. Со објавата на текстот во кој се наведени невистинити факти од страна на тужените е сторена клевета кон тужителот со што му е нарушена честа и угледот", пишува во дел од тужбата.

Алберт Муслиу за МКД.мк вели дека обвинувањата на оштетените штедачи не се точни и дека до судското рочиште закажано за 28 ноември нема да дава изјави за случајот.

„Не сакам никој да помисли дека ги користам медиумите во своја полза", изјави кратко Муслиу.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk