logo
logo
logo

Ахмети и Заев преговарале за НОВА ХИМНА, ЗНАМЕ И ГРБ

Vecer | 22.06.2021

Ахмети и Заев преговарале за НОВА ХИМНА, ЗНАМЕ И ГРБ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ Клан изјави дека се разговарало за промена на знаме и грб, но и за нова химна на Македонија. Тој рече дека за овие прашања активно разговарале со премиерот Зоран Заев.

- Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Промената на  државните симболи ДУИ ја заговара повеќе години коментирајќи дека со знамето, химната и грбот треба да се поистоветуваат и Албанците, а не само Македонците бидејќи тоа е во духот на Охридскиот договор.

Во однос на спорот со Бугарија, пак, Ахмети посочи дека не се решава ниту со прес-конференции, ниту со лидерски средби.

- Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност, вели Ахмети.

Смета дека ако отвориме графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, според него многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk