logo
logo
logo

Афера „Мафија“: На адресата во Чаир, никој не слушнал ниту за Седат Пекер, ниту за Џадим Адемовски (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2021

Афера „Мафија“: На адресата во Чаир, никој не слушнал ниту за Седат Пекер, ниту за Џадим Адемовски (ВИДЕО)

Ова е зградата каде според личната карта која ја добил во Македонија со друго име и презиме, живее познатиот турски нарко бос, Седат Пекер. Алфа телевизија реши да отиде таму да провери дали живеалиштето му е на таа адреса. Тој во Македонија се вика Џадим Адемовски, а луѓето кои живеат во зградата каде се води неговата адреса, не познаваат сосед ниту под името Седат Пекер, ниту под Џадим Адемовски.

Според гугл мапс ова е адресата Кемал Сејфула број 22/1, каде според опозицијата живеалиште има Седат Пекер, кој е протеран во Турција, а во Македонија живее со лажен идентитет и име Џадим Адемовски.

Сепак на адресата која ја добил од македонските власти, Алфа ТВ не успеа да го пронајде турскиот нарко бос. Од телевизијата тропнаа во станот број 1 во зградата за да прашаат дали таму или во некој од другите станови живее Пекер, и одговорот беше не.

Екипата на тв Алфа запраша и дел од луѓето кои беа излезени пред зградата, дали го познаваат Џадим Адемовски или можеби Седат Пекер, одговорот од сите беше негативен.

Инаку, Седат Пекер во ноември минатата година остварил и средба со градоначалник на Маврово- Ростуше, каде делел лаптопи и ветил инвестиции во оваа општина. Инаку покрај Пекер, од опозицијата во мега скандалот „Мафија“ открија дека лажни документи во Македонија добил и Јован Вукотиќ од таканаречениот Шкаљарски клан од Котор. Како и Пекер и тој има лажен идентитет, се вика Ѓорги Андонов. Околу овој случај Алфа побара став и од министерствата за внатрешни работи на Турција и Србија, каде за неколку дела е обвинет Вуковиќ, но одговор се уште нема.

https://www.youtube.com/watch?v=Foa35zpOzpA

Извор: Алфа тв

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk