logo
logo
logo

АКТ- Агенција за Кинеска Трговија

СДСМ ПРОМОВИРА КИНЕЗИ ЗА НОВИ АВТОБУСИ. Освен бугарски станаа и кинески “амбасадори“

Vecer | 23.05.2026

СДСМ ПРОМОВИРА КИНЕЗИ ЗА НОВИ АВТОБУСИ. Освен бугарски станаа и кинески “амбасадори“

После се, нормално е дека на СДСМ и Филипче не им е јасно како една влада распишува тендер за набавка на градски автобуси и, потоа, откако ќе утврди дека формално постои еден документ по кој нема целосна затворена документација (нема електронски потпис) - самата влада тендерот го поништува! Филипче, мајстор за штанцање тендери, такво нешто не ни помислил додека бил на власт, да се откаже од веќе завршен тендер кој неговата влада го распишала. 

А мотивот за корупција кој СДСМ го наведува е во секторот хумор. Или Кинезите ги запознале неговите политики и склоност кон политичка трговија од времето кога “купуваше“ кински вакцини преку Сингапур со разлка во цена од 5 милиони долари поголема од оригиналната кинеска цена. 

Имено, според СДСМ, главен аргумент за видена “корупција“ им е што кинеската компанија до владата пратила писмо дека ќе се жали до САД и до Трамп затоа што го загубиле тендерот!

Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални.

– Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив – се наведува во реакцијата од Министерството.

Според информациите за пристигнатите понуди, кинеската компанија Актрус со автобуси Кинг Лонг доставила понуда во вредност од 50 милиони и 700.000 евра без ДДВ, унгарско-австрискиот конзорциум Електробус Икарус- ЕВН во вредност од 50 милиони и 600.000 евра без ДДВ, кинеската компанија Жонг Тонг во вредност од 50 милиони и 600.000 евра без ДДВ и турската компанија БМЦ во вредност од 59 милионин и 200.000 евра без ДДВ.

Разликите помеѓу Кинезите и унгарско-австрискиот конзорциум се 100.000 евра - а не 12 милиони евра како што тврди СДСМ.

– Поединечните цени по автобус без полнач се: Електробус/Икарус: 314.000 евра, Актрус/ Кинг Лонг: 324.000 евра, Жонг Тонг: 327.000 евра и БМЦ: 385.000 евра. Од ова се забележува дека сите цени се приближно исти, односно нема разлика од 12 милиони евра. Затоа бараме јавно извинување од СДСМ, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета – велат од ресорното Министерство.

Јон Фрчкоски, кинески бизнис активист (АКТ - Агенција за Кинеска Трговија)
Јон Фрчкоски, кинески бизнис активист (АКТ - Агенција за Кинеска Трговија)

Трите компании, велат од Министерството за транспорт, не ги исполниле условите за избор.

Компанијата Актрус/ Кинг Лонг не достави валидна банкарска гаранција, со што понудата беше невалидна, Жонг Тонг исто така имала невалидна банкарска гаранција, додека компанијата БМЦ воопшто не доставила банкарска гаранција и не ги исполнила техничките услови.

За Електробус Икарус -ЕВН, второстепената Комисија за жалби по јавни набавки утврдила дека договорот за соработка меѓу Икарус и ЕВН хартиено е потпишан, но не и електронски и затоа го поништила тендерот.

– Се наметнува и прашањето зошто на денешната прес-конференција СДСМ излегува во одбрана на кинеска компанија?

Имено, дописот кој го покажуваат е од кинеската Актрус/Кинг Лонг, чијашто понуда е невалидна, но и како таква не е за 12 милиони евра поевтина.

Дали СДСМ одработува за странски интереси (н.з. - кинески) и зошто? Или мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци? Тоа се прашања за СДСМ – се наведува во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.

По ова соопштение од СДСМ - нема реакција.

Станува карактеристично и профитно за СДСМ постојано да застанува на страна спротивна од законот, често бранејќи и чист криминал кога е во прашење некој правен или управен процес, како и спротивно од ставот на мнозинството Македонци кога е националната политика во прашање.

Криминалот и СДСМ:

- Застана на страна на убијците од Смилковско езеро јавно прогласувајќи ги за невини.

- Застана на страната на убијците на полицијаците во Куманово јавно истакнувајќи дека вооружениот напад на косоварите бил режирана провокација од страна на тогашната влада. Никогаш СДСМ не изрази сочуство или помен за осуммината загинати полицајци по експлицитен терористички напад врз нив. Потоа, се сликаше и во Диво насеље покажувајќи јавна поддршка за терористите, и со нарко дилерите од Македонија кои се соработници на тие криминални структури во Македонија. 

- Застана на страната на своите функционери по пожарот во “болницата“ во Тетово (15 жртви) и пожарот во автобус во Бугарија кој возел во странство без лиценца (45 жртви) и ниту еден функциоенр избран или именуван од СДСМ/ДУИ не е осуден до ден денес за жртвите.

- Застана зад наркоманијата и јавно познатото шмркање дроги на Јон Фрчкоски на работно место, избран функционер во јавно претпријатие, и наместо одговорност истиот е унапреден за функциоенр во врвот на партијата СДСМ.

-Застана на страна на нарко кланот од Грчец и Чаир во престрелките и убиствата низ Скопје и никогаш ниту еден од нив не е осуден во време на мандат на СДСМ/ДУИ за убиствата.

- Застана на страна на силеџиите кои напаѓаа новинари кои не им се под контрола и кршеа редакции на медиуми кои не се во функција на нивната политика - никој за тоа не е суден. 

- Пред судењето на Катица Јанева како и скандалот со милион евра незаконски исплатени на десетте обвинители на СЈО тогашниот премеир Зоран Заев изјави: “Е де, сега од тоа ли ќе правиме проблем...“. А се поделија вкупно 4,5 милиони евра, и Катица е осудена за корупција.

... и така натаму, и така натаму до број - случај 229 за 7 години мандат.

Политиката

- СДСМ и ДУИ , тајно, во процес целосно скриен од јавноста, договорија со Бугарија да се откаже Македонија од сите свои национални обележја и историја. Кога деталите, посредно, почнаа да излегуваат и се соочија со масовен отпор во јавноста, својот договор го трансформираа во “европски“ и оставија темпирана бомба на следната власт да ги спроведе нивните планови.

Ваквите процеси за спроевдување на интерес на странска држава кон Македонија не се бесплатни. Доказ: Мемоарите нан поранешниот претседател Киро Глигоров за грчката понуда од (тогашни) 5 милиони евра да се согласи за промена на уставното име. Засега не е познато колку милиони евра е бугарската понуда до Заев и Филипче, но со време и тоа ќе го знаеме. 

Денес во Бугарија нема ниту една партија, ниту еден релевантен функциоенр, која толку силно притиска за промена на макеоднскиот Устав како штоп тоа го прават СДСМ и Филипче.

Затоа, после се, нормално е дека на СДСМ и Филипче не им е јасно како една влада распишува тендер за набавка на градски автобуси и, потоа, откако ќе утврди дека формално постои еден документ по кој нема целосна затворена документација (нема електронски потпис) - самата влада тендерот го поништува! Филипче, мајстор за штанцање тендери, такво нешто не ни помислил додека бил на власт, да се откаже од веќе завршен тендер кој неговата влада го распишала. 

А мотивот за корупција кој СДСМ го наведува е во секторот хумор. Или Кинезите ги запознале неговите политики и склоност кон политичка трговија од времето кога “купуваше“ кински вакцини преку Сингапур со разлкаа во цена од 5 милиони долари поголема од оригиналната кинеска цена. 

Имено, според СДСМ, главен аргумент за видена “корупција“ им е што кинеската компанија до владата пратила писмо дека ќе се жали до САД и до Трамп затоа што го загубиле тендерот!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk