logo
logo
logo

Свеченост во Собранието: Откриен портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски

Vecer | 15.05.2026

Свеченост во Собранието: Откриен портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја.

На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на претседателот препознаен по својата човечност, визија и стремеж кон обединето и демократско општество.

Во рамки на настанот беше откриен портретот на претседателот Борис Трајковски, дело на авторката Валбона Атанасовска. Портретот го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека ова не е само омаж на еден претседател, туку и кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста.

Во чест на Борис Трајковски беше отворена и изложбата „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“, која преку одбрани архивски фотографии го доловува неговиот животен пат, политичката дејност и трајното наследство што го остави зад себе.

Овој чин претставува симболична, но искрена почит кон вредностите што Борис Трајковски ги живееше и ги застапуваше – меѓусебно разбирање, демократско општество и европска визија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk