Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ, изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде меко ткиво во македонскиот национален идентитет.
По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажал ништо поинакво од претходно.
– Еве, јас само можам да кажам дека од оној фолклор што сме навикнати да го слушнеме не видовме ништо поинакво. За жал, СДСМ продолжува да биде меко ткиво во македонскиот национален идентитет. Јас жалам што од некогаш државотворна партија се претвори во една група што се бори да го штити својот личен интерес. Но, тоа е што е. Сега тие избрале таква политика така да се однесуваат. Ние тука не можеме ништо повеќе да сториме. Затоа понекогаш и можеби и не треба да коментираме сѐ што тие кажуваат – изјави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата