logo
logo
logo

Ми се смеат колегите претседатели од регионот- ДОЈДОВТЕ СО АВИОНЧЕТО НА БРАЌАТА РАЈТ?

Vecer | 19.02.2026

Ми се смеат колегите претседатели од регионот- ДОЈДОВТЕ СО АВИОНЧЕТО НА БРАЌАТА РАЈТ?

Владиното авионче е старо и мене понекогаш ми е непријатно кога мора да летам со него, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско барање за коментар во врска со авионот на Владата и дебатата за набавка на друго службено летало.

– Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина од користењето комерцијални летови. Е сега, не е многу пријатно, секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено е на старо – рече претседателката.

Моите колеги претседатели, додаде таа, велат дека е многу порационално и поевтино да се има поголемо авионче од нашето најмало авионче, бидејќи тогаш со еден лет ќе можат повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат.

– Ми замеруваат, а знам дека тоа е мој голем хендикеп, што со мене нема новинари. Со нив понекогаш одат и новинари – рече Сиљановска Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk