logo
logo
logo

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПЛАТИ ТРОШОЦИТЕ за родителите на децата кои се лекуваат во странство

Vecer | 17.03.2025

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПЛАТИ ТРОШОЦИТЕ за родителите на децата кои се лекуваат во странство

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани, а кои се хоспитализирани во странство, ќе ги покрие Владата. Одлуката, како што изјави попладнево на прес-конференција владината портпаролка, МАрија Митева, ќе биде донесена на утрешната владина сендица.

Граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 070270370 за подетални информации и подобра координација.

Ги повикуваме сите семејства да ја искористат оваа линија за да можеме ефикасно како Влада да ја организираме поддршката што ним им е најпотребна. Ова е време на солидарност и за акција. Владата останува посветена да стои покрај секое засегнато семејство давајќи не само зборови за поддршка, туку и вистинска опиплива помош во најтешките моменти, рече портпаролката на Владата.

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) преку соопштение изрази сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани.

Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош. Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, наведоа од СОЗР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk