logo
logo
logo

Случајот со Крушево и Гостивар се неспоредливи, имаше прекин на електрична енергија кај уредот за хлорирање на еден час

Vecer | 27.07.2026

Случајот со Крушево и Гостивар се неспоредливи, имаше прекин на електрична енергија кај уредот за хлорирање на еден час

Случајот со Крушево и Гостивар се неспоредливи, бидејќи во Крушево имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Тој на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, посветена на состојбите со гостиварскиот водовод, одговарајќи на прашање за состојбата со водата во Крушево нагласи дека веднаш по информацијата дека и водата во крушевскиот водовод не е исправна, разговарал со крушевскиот градоначалник.

Притоа бил информиран дека, поради прекин на електричната енергија, околу еден час не работел уредот за хлорирање на водата.

Затоа случајот во Крушево ни оддалеку не е сличен на она што се случуваше во Гостивар. Веднаш по тој еден час, тој уред што внесува хлор во градскиот водовод продолжил со работа и очекувам состојбата таму веќе да биде целосно стабилизирана. Сепак, повеќе информации треба да се побараат од локалната самоуправа. Повторувам, немаме појава на луѓе што се жалат на здравствени симптоми и воопшто не треба да се споредуваат овие два случаја – истакна Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk