logo
logo
logo

Во скопски граѓански суд СВЕДОК ПОЧИНА ДОДЕКА СВЕДОЧЕЛ

Vecer | 15.10.2025

Во скопски граѓански суд СВЕДОК ПОЧИНА ДОДЕКА СВЕДОЧЕЛ

Тажен и шокантен настан се случил вчера во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што сведок ненадејно починал за време на судење, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, во СВР Скопје била поднесена пријава дека во просториите на судот починал маж со иницијали З.Д., кој во тој момент сведочел на судски процес.

На местото на настанот веднаш пристигнала екипа од Итната медицинска помош, која, за жал, констатирала смрт. Од првичните информации, нема индикации за насилство или криминал, но по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

На лице место бил извршен детален увид од увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата продолжува за целосно да се разјаснат околностите под кои се случила трагедијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk