logo
logo
logo

Поставен камен-темелник за реконструкција на локалниот пат Драчево – Мотел Китка (ФОТО)

Vecer | 15.03.2025

Поставен камен-темелник за реконструкција на локалниот пат Драчево – Мотел Китка (ФОТО)

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани.

Проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од кои учеството од Министерство за транспорт изнесува 59.205.825 денари, а кофинансирањето на општината 4.331.712,78 денари.

- Оваа инвестиција ќе овозможи подобра поврзаност, побезбеден сообраќај и подобри услови за жителите и локалниот развој. Вложуваме во инфраструктурата затоа што секој граѓанин заслужува поквалитетен живот!, порача премиерот Христијан Мицкоски.

-Добар ден. Јас навистина сум среќен што денес се наоѓам овде, на ова преубаво место. Немам што да додадам во однос на овој проект, на тоа што веќе претходните говорници го кажаа – од аспект на техничките карактеристики, од аспект на буџет.

Мене ќе ми дозволите само да му се заблагодарам на градоначалникот и да му честитам за посветената работа, еве што изготвува проекти, со тие проект потоа се аплицира во оваа владина програма, за да можеме ние да ги реалоцираме средствата од централниот буџет и да поддржиме ваков тип на општински проекти.

Да им се заблагодарам на моите колеги од Владата, на членовите на Владата, на советниците, на администрацијата овде во Општина Студеничани, на сите оние коишто работат за доброто на граѓаните.

И сè додека функционира сето ова вака како што функционира, ќе има проекти – ќе има проекти коишто значат поквалитетен живот на граѓаните, покомфорен живот, поубав живот. Ние немаме намера да заборавиме ниту едно место на целата територија на Македонија, ќе инвестираме секаде. Тоа го правиме еве веќе деветти месеци, покажуваме поинаков начин на функционирање на Влада.

Еден од претходните говорници кажа дека порано се инвестираше во општини коишто не беа градоначалниците од опозицијата, се бираше од која политичка партија се. Ние немаме таква намера, инвестираме секаде и ќе продолжиме така да се однесуваме во иднина. Ќе покажеме еден поинаков карактер, едно поинакво однесување, бидејќи граѓанинот-Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромот, Бошњакот и сите останати, Влавот-се центарот на нашето внимание, и сите ние заедно ќе работиме за нивно подобро утре.

Така што уште еднаш еве да им посакам уште многу проекти овде во Општина Студеничани, и поубав и покомфорен живот на граѓаните во Општина Студеничани. Ви благодарам.“- посочи Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk