logo
logo
logo

СИЛЕН ВЕТЕР СО ДОЖД И ПРАШИНА ОД САХАРА - услови за невреме попладне

Vecer | 11.05.2026

СИЛЕН ВЕТЕР СО ДОЖД И ПРАШИНА ОД САХАРА - услови за невреме попладне

По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, денеска во попладневните часови, локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Особено во вторник, на 12 мај 2026, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.

Поради силното југозападно и западно воздушно струење од Сахара кон територијата на Македонија повторно ќе се врши поголем транспорт на прашина и на песок па атмосферата ќе биде заматена. Дождот што ќе паѓа ќе биде нечист и помешан со прашина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk