logo
logo
logo

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ ПРИ ПОСЕТАТА НА МАЛА ПРЕСПА: Го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа

Vecer | 10.05.2026

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ ПРИ ПОСЕТАТА НА МАЛА ПРЕСПА: Го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца.

Facebook /Hristijan Mickoski
Facebook /Hristijan Mickoski


– На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија, посочил Мицкоски, се посочува во објавата на Фејсбук.

Facebook /Hristijan Mickoski
Facebook /Hristijan Mickoski

Македонците во Албанија, потенцирал тој, се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.

– Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка, нагласил премиерот Мицкоски.

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај.

На брегот на Преспанско Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk