Македонските четвртоодделенци и осмоодделенци сè потешко се одвојуваат од екраните, покажува истражувањето презентирано на денешниот форум за вештачка интелигенција. Податоците се поразителни за културата на читање: со растењето, децата речиси целосно го губат интересот за книгите.
-Значи, децата од четврто до осмо одделение престануваат да читаат книги, рече Атанасов.
Додека кај помалите ученици (IV одделение) читањето сè уште е застапено со 31%, кај нивните постари другари (VIII одделение) овој процент е маргинален. Наместо тоа, доминираат видеосодржините и социјалните мрежи, кои кај осмоодделенците заземаат над 60% од слободното време. Проф. д-р Петар Атанасов предупредува дека мобилните телефони веќе не се само алатка, туку примарен простор за живеење на младите генерации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата