logo
logo
logo

ОНИЕ ШТО ГЛУМАТ МОТОРЏИИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ МОТОР, Тошковски најавува нови рестриктивни мерки

Vecer | 15.05.2026

ОНИЕ ШТО ГЛУМАТ МОТОРЏИИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ МОТОР, Тошковски најавува нови рестриктивни мерки

Министерството за внатрешни работи за претстојниот летен период подготвува посебен план за постапување и засилени контроли насочени кон возачите на мотори кои ги прекршуваат сообраќајните правила, најави денеска  министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Сакам да кажам дека оние што се вистински моторџии, а такви познавам лично многу, никогаш во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Вистинските моторџии, особено оние што членуваат во мото-организации, се и тоа како посветени на почитување на сообраќајните правила, бидејќи многу добро знаат какви се последиците кога тие не се почитуваат. Но, за сите оние што „глумат“ моторџии, возат без кацига, со далеку поголема брзина, возат на едно тркало низ град, поминуваат на црвено светло и мислат дека „Сејф сити“ нема да ги детектира сакам јавно да порачам дека Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе биде особено фокусирано токму на нив, особено во градските средини. Ќе останат и без мотори и без можност да „глумат“ моторџии. За нив се подготвува посебен план за постапување и тие ќе бидат главен таргет, затоа што претставуваат огромен ризик во сообраќајот“, рече Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk