logo
logo
logo

Меџити: Поставената мерна станица во Трубарево ЌЕ БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА 24 ЧАСА

Vecer | 14.09.2025

Меџити: Поставената мерна станица во Трубарево ЌЕ БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА 24 ЧАСА

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска повторно беше во теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде е поставена мерна станица да го провери квалитетот на воздухот во реално време.

Меџити, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, на чие барање е поставена мерната станица, беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип проф. д-р Дејан Мираковски.

Министерот Меџити во текот на посетата извршил увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.

– Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка. Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време, се вели во соопштението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk