logo
logo
logo

Директорот на ДЗС ги вметнал надвор од своите надлежности

Уставен суд реши: НАСЕЛЕНИЕ СЕ ТИЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТА, другите се иселеници

Vecer | 26.06.2025

Уставен суд реши: НАСЕЛЕНИЕ СЕ ТИЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТА, другите се иселеници

Уставен суд утврди неправилности при изведување на ПОПИС 2021г., но донесените акти кои се укинувачки ќе важат дури за следниот попис.

Укинати се категориите РЕЗИДЕНТНО и НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, кои директорот на ДЗС ги вметнал надвор од своите надлежности, за што има и лична одговорност за овој подзаконски акт. Во превод, ова е за жал, некакво си „Соломонско“ решение на Уставен со кој Пописот од 2021-та ќе куртули од поништување.

Во известувањето се вели:

„Во предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина:

Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот, уредена со член 51 од Уставот, потоа членовите 6, 7 и 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година.

Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт.

Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година“, се вели во соопштението на Уставен суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk