logo
logo
logo

ОСТАНУВАМЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДАТА ЦЕНТРИ - светот ова ќе го развива, рече Мицкоски

Vecer | 27.08.2026

ОСТАНУВАМЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДАТА ЦЕНТРИ - светот ова ќе го развива, рече Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со дата-центрите, истакна дека светот ова ќе го развива и прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот ако сакаме да се развива државата, затоа Владата останува на оваа стратегија, но сè што се прави ќе биде јавно и транспарентно. Притоа додаде дека во моментот се преговара со 5-6 потенцијални инвеститори, од кои една е голема мултинационална компанија. 

- За она што го коментира опозицијата, претпоставам дека кај нив работи Фројд и мислат дека како тие што се однесуваа кон државата и кон граѓаните, лажејќи ги, ограбувајќи ги, понижувајќи ги, така и сите се однесуваат. Ние немаме намера како Влада, и тоа сме го покажале во овие 25-26 месеци, ништо нема да правиме под маса, вие добро знаете дека секоја странска инвестиција или инвестиција која е стратешка ја објавуваме јавно, транспарентно и тука нема никаква дилема - вели премиерот Мицкоски. 

Тој истакна дека она што во изминатите два-три дена се говори за дата-центрите како инженер се обидува да не го коментира бидејќи, како што рече, „она што го слушам претставува тотална невистина, незнаење, непознавање и понекогаш и се срамам што тие луѓе што ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии“. 

-​ Но нема да навлегувам во суштината бидејќи не заслужуваат суштински одговор на техничко ниво бидејќи манифестираат тотално непознавање. ​Замислете да не е вештачката интелигенција или податочните центри или дата-центрите, како би изгледал денеска бруто-домашниот производ (БДП) да речеме на Соединетите Американски Држави. Зарем Nvidia, Amazon, SpaceX, OpenAI, мултинационални глобални компании, чии брендови тежат трилиони, илјадници милијарди, би постоеле денеска ако на каков било начин тие го доведуваат во прашање квалитетот на животот на граѓаните. Така што, апсолутно остануваме на оваа стратегија како Влада, овие проекти, впрочем, се во таа насока преку гас да се изградат гасни централи, кои ќе произведуваат електрична енергија, која подоцна ќе се користи во овие дата-центри - рече Мицкоски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk