Договорот за катните гаражи на Клинички не е од сега – туку од времето на вазалската влада на СДС. Тогаш, како послушен вазал, Филипче молчеше и климаше со глава. Сега, кога веќе не е на таа позиција, одеднаш вреска и глуми борец за правда. Вака отприлика може да се опише Венковото дејствување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Институциите веќе се изјаснија дека нема одлука на Влада за катните гаражи во комплексот клиники! Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи поинаку од досегашниот принцип и одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните. Ова не е ништо друго освен хистерија и политичка хипокризија – лајтмотив на една вазалска кариера! Среќа што граѓаните веќе го виделе ова сценарио и не паѓаат на евтини трикови, се наведува во партиското соопштение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата