Премиерот Христијан Мицкоски објави дека со синовите е во Будимпешта каде вечерва ќе го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Унгарија, кој е дел од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Посетата е на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, а како што напиша премиерот – тоа е ретка можност да помине 2 дена со синовите.
„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат – ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта. Му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На покана на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и со Антониј во Будимпешта“, напиша вчера Мицкоски на својот профил на Инстаграм.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата