Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, соопшти дека до крајот на јуни продолжува интензивното следење на движењата на цените на основните производи. Според него, инспекциските служби и во овој месец ќе вршат контроли на терен, по што на крајот на јуни ќе се изготви извештај, како што беше случај и во мај.
„Доколку анализите покажат дека продолжува трендот на поскапување, Министерството за економија е подготвено да предложи нови краткорочни мерки за заштита на граѓаните, па дури и дополнително намалување на прагoвите за бруто профитната маржа“, истакна Дурмиши во интервју.
Тој потврди дека сите показатели редовно се разгледуваат и споредуваат со податоците од мај и април, кога беа активни претходните мерки за ограничување на цените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата