logo
logo
logo

„Македонија бојкотира“ - ПАЛЧО И ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВО ГРОЗДАНОВСКИ НА ИСТА МАСА

Vecer | 30.03.2026

„Македонија бојкотира“  - ПАЛЧО И ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВО ГРОЗДАНОВСКИ НА ИСТА МАСА

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев објави фотографија од иницијативата „Македонија бојкотира“, во која покрај другите лидери на партии, здруженија и движења, учествувал и осомничениот за убиство Живко Гроздановски, како претседател на движењето Христијанско братство.

Грозданоски е осомничен дека на 25 март од користољубие го задушил 76-годишниот Климе Митрески, лекар од Охрид, со цел да го спречи да го раскине меѓусебниот договорот за доживотна издршка што го имале. На Грозданоски му е изречен притвор од 30 дена.

Во објава на Фејсбук претседателот на партијата Единствена Македонија Јанко Бачев се наврати на својата соработка и заедничките искуства со Гроздановски, кој бил претседател на политичко-религиозното движење Христијанско Братство.

„За трагичниот настан последниот збор ќе го каже судот, но како претседател на Единствена Македонија да спомнам дека Христијанско братство беше дел од Националниот Блок „Македонија Бојкотира“, во кој, во 2018 се здружија 84 организаци – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство во битката за референдумот и одбрана на името против марионетската влада на Зоран Заев.

Седум месеци улиците и плоштадите беа нашиот дом. Како што е познато, за референдумот успеавме, но за спречување на промена на името не успеавме. Борбата за името барем за мене лично и за Единствена Македонија продолжува…Нека му е лесна земјата на Климе кој исто така беше соборец во нашата борба!“- напиша Бачев.

Бачев објави и фотографија од прес-конференција на Макеоднија бојкотира на која, покрај него, се гледаат и Живко Гроздановски (прв од лево), Љупчо Палевски – Палчо, како и Филип Петровски (прв од десно).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk