logo
logo
logo

Ѓорѓиевски на средба со францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф Ле Риголер

Vecer | 09.12.2025

Ѓорѓиевски на средба со францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф Ле Риголер

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата беше претставена визијата за долгорочен развој на главниот град, заснована на одржливи политики, европски стандарди и продлабочена меѓународна соработка.

Разговорот се фокусираше и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје.

‒ Во текот на разговорот, му ја претставив визијата за развој на Скопје која е заснована на јасна стратегија, долгорочни политики и силни принципи на одржливост.

Исто така, разговаравме за продлабочување на соработката со збратимениот град Дижон. Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и во зелените политики. Амбасадорот Ле Риголер ја изрази подготвеноста на Франција да споделува искуства и иницијативи кои можат значајно да придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот главен град, истакна Ѓорѓиевски.

Била нагласена и важноста од континуирана институционална комуникација и координација, со цел отворање на нови можности за партнерства и долгорочни проекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk