Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина за возачите. Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија.
Сепак, за да го искористат ова право, возачите ќе мора да исполнат неколку клучни критериуми:
– Да имаат наполнети 23 години возраст;
– Да поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија најмалку 5 години;
– Да поминат дополнителна теоретска обука од 4 часа во автошкола.
Оваа мерка се очекува значително да го намали сообраќајниот метеж во градовите и да го поттикне користењето на поекономични превозни средства.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата