logo
logo
logo

Муцунски ја демантира колешката од Бугарија

Користењето на „северномакедонски“ за македонскиот народ е неточно и несоодветно. МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ

Vecer | 11.05.2026

Користењето на „северномакедонски“ за македонскиот народ е неточно и несоодветно. МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати појаснување во врска со наводите на неговата бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, за наводна билатерална средба. Муцунски демантира дека се одржал официјален состанок, посочувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“.

Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ.

Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит.

А, како што и кажав на Весислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина“, стои во објавата на Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk