logo
logo
logo

“ДЕЦА ПРОНАШЛЕ ШПРИЦ ВО ГРАДИНКА“ и се играле со него, наркоманите не бираат место ни знаат за опасност

Vecer | 16.09.2025

“ДЕЦА ПРОНАШЛЕ ШПРИЦ ВО ГРАДИНКА“ и се играле со него, наркоманите не бираат место ни знаат за опасност

Деца си играле и се боцнале од игла од шприц кој го нашле во двор на градинката „13 Ноември“ во Буњаковец во центарот на Скопје, објави А1он повикувајќи се на изјави од родител.

За А1он, родител тврди дека од градинката им било кажано да молчат и да не говорат во јавноста за случајот, и дека ќе го решеле тие случајот. Дел од родителите се револтирани дека не се обрнувало внимание на нивните деца додека се пуштаат надвор во дворот, а дел барале во вечерните часови да се контролира кој се влегува во дворот на градинката и какви активности се одвиваат.

Очигледно, според зборовите на еден родител, станува збор за употребен шприц со игла фрлен или оставен од некој зависник од дрога. Истиот родител за А1он кажа дека едно од децата го имало пронајдено употребениот шприц и го зело дома, скриен во џебот. И од фотографијата на шприцот видливо е дека е употребуван, најверојатно од некој зависник на дрога. Вистинска паника настанала кога не се знаело дали имало или немало игла на шприцот и кој сè од децата го чепкал шприцот.

Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Тие сè уште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот или тоа им е од друга активност“, се вели во текстот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk