Сериозна опасност од избивање на нова епидемија со морбили (мали сипаници) ги натера здравствените власти да алармираа за драстично нискиот опфат на вакцинација меѓу децата. Според последните официјални податоци, опфатот со МРП-вакцината во моментов изнесува загрижувачки 62 проценти, што е далеку под неопходниот процент за колективен имунитет од 95 отсто, потребен за спречување на ширењето на вирусот.
Загриженоста дополнително ја подгрева драматичниот пораст на нови случаи со морбили во непосредното соседство, пред сè во Косово и Бугарија. Со оглед на фреквенцијата на патувања и отворените граници, ризикот вирусот преку ноќ да се прелее и во Македонија е повеќе од реален.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, упати итен и драматичен апел до сите родители да не ја одложуваат имунизацијата и одговорно да ги заштитат своите најмлади.
„Ќе се обидеме дополнително да ги мотивираме граѓаните да ги вакцинираат децата за да се спречи појава на епидемија. Опфатот од 62 проценти е релативно низок и мора итно да реагираме, особено сега кога бележиме силен пораст на случаи во Косово и Бугарија“, изјави министерот Клековски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата