logo
logo
logo

„ВЕНКО НЕКА НЕ ЧЕКА ФОТЕЛЈА, ВЕДНАШ НЕКА ГИ ПОВИКА КОВАЧЕВСКИ И ЗАЕВИ ДА ОДГОВАРААТ ЗА КРИМИНАЛ“

Vecer | 08.05.2026

„ВЕНКО НЕКА НЕ ЧЕКА ФОТЕЛЈА, ВЕДНАШ НЕКА ГИ ПОВИКА КОВАЧЕВСКИ И ЗАЕВИ ДА ОДГОВАРААТ ЗА КРИМИНАЛ“

Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерска фотелја за да донесе закон против корупција, сега нека го повика Васко Ковачевски да се врати од бегство, а Зоран и Вице Заеви да одговараат за криминал, возврати ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на СДСМ во поткастот „Риштази“ на Коха рече дека новиот закон за борба против корупцијата ќе биде првиот закон што ќе го потпише како премиер.

„Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДС даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски ексдиректорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал. Владее чувството дека за многу скоро Венко Филипче ќе треба да одговара за набавката на кинеските вакцини Стабри и провизиите што ги договараше во ковид кризата, како и за изгорената модуларна болница поставена без потребното одобрение. Воедно и браќата далтони Вице и Зоран Заев треба да одговараат за основани сомнежи за криминал за повеќе договори, како за РЕК, така и за необјаснивиот наплив на имот што му овозможи на Заев да има авио компании, да гради во Дубаи и да купува плантажи во Кенија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека ги разбираат мотивите на Филипче да го сокрие криминалот кој опозициската партија проба да го амнестира со измени на Кривичниот законик, но додаваат дека тоа нема да ги спаси од одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk