logo
logo
logo

Меџити: 2027 е година за реализација на проекти - НЕ ЗА ИЗБОРИ

Vecer | 08.05.2026

Меџити: 2027 е година за реализација на проекти - НЕ ЗА ИЗБОРИ

„Лидерите на партиите во составот на Вреди, утре ќе го стават потписот за формирање на единствен политички субјект. Не сите веруваа дека ВРЕДИ ќе стигне до тука – до големо обедиванување – бидејќи имаше многумина кои очекуваа поделби, замор и неуспех, но и такви што отворено работеа процесот да не успее“, наведуваат од коалицијата. За еден од лидерите, Изет Меџити со ова партијата ќе се факторизира и по формирањето ќе ги отвори вратите за нови членови.

„ВЛЕН со ова се факторизира, станува поголема, ќе има поголема апсорциона моќ поготово кај независното членство и кај незадоволните од албанската опозиција. И тоа ќе се види веднаш по формирањето. Ако мислите на реконструкција на Владата, тоа е друга тема. Штом ќе го завршиме ова, со премиерот сме начелно договорени за реконструкција на Владата, но само начелно. Не сме ги преговарале ниту принципите, ниту дали ќе има замена на ресорите..“ рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Меџити потврди дека министерот Фатмир Лимани нема да биде дел од новата партија, а се поизвесно е дека тој нема да биде дел ниту во владата по нејзината реконструкција. Јасно е дека вицепремиерот Арбен Фетаи исто така отпаѓа од игра откако Азир Алиу добил поголема поддршка во Алијанса за Албанците.

Следната година е одлична можност, Владата и општините ќе може да се посветат на реализирање на проектите, вели Меџити, според кој нема ниту една причина поради која би се одржале предвремени парламентарни избори.

„Ова е единствена година во која нема ниту парламентарни, ниту претседателски, ниту локални избори, е добра можност Владата и општините да се посветат на реализација на програмата, идеи, ветувањата кои што одат повеќе во интерес на граѓаните, на бизнисот и економскиот развор. Имајќи предвид дека има огромно мнозинство во Собранието, скоро 2/3, не гледам ниту еден фактор кој оди во прилог на предвремени парламентарни избори. Постојано се соочуваме со барања од албанската опозиција за предвремени избори, но не дека ги посакуваат, бидејќи имаше локални избори и видовме кој беше резултатот. Од 13 општини паднаа на 3, и тоа не урбани туку периферни општини. Така да и анкетите тоа го покажуваат. Тоа им е механизам, како да го задржат членството да не им побегне целото членство во ВЛЕН“ рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Се очекува, утре 850 делегати на ВРЕДИ да ги поддржат предлозите Изет Меџити и Билал Касами да бидат копретседатели, а Беким Сали генерален секретар. Во најтесното раководство се очекува да бидат пратениците Мимоза Муса и Беким Ќоку. Висока партиска позиција веројатно ќе добие и Зеќирија Ибрахими кој го наследи собранискиот спикер Африм Гаши во Алтернатива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk