<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Народот избра
промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја. Огромната поддршка на
народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот
картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Оттаму
потенцираат дека на 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што
народот сака промени, и просперитет за Македонија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">ВМРО-ДПМНЕ се
обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо
да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред. По 8-ми мај
Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии,
развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува
секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија,
нагласуваат од партијата. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Ги повикуваме
граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме
промените. Народот ќе си ја врати Македонија. Македонија повторно твоја, стои
во соопштението.</span>