logo
logo
logo

ПРОМЕНИТЕ СЕ ОЧИГЛЕДНИ ЗА ВЛАДАТА: Растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија заедно со богатите Ирска, Данска и Полска

Vecer | 04.06.2025

ПРОМЕНИТЕ СЕ ОЧИГЛЕДНИ ЗА ВЛАДАТА: Растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија заедно со богатите Ирска, Данска и Полска

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, велат од Владата.

-За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се впишува како земја со најбрзорастечка економија, во група на држави како Ирска, Данска и Полска. Порастот на БДП е показател дека работиме посветено и носиме одговорни политики во интерес на граѓаните. И тука не застануваме, нè чека целосна трансформација на Македонија и промени кои ќе значат поголема сигурност и подобра иднина за сите. Македонија ја очекуваат нови победи и уште поголеми економски резултати, тоа што го ветивме, се обврзавме, го исполнуваме, се наведува во владиното соопштение.

Од Владата порачуваат дека Македонија мора да оди напред, а граѓаните да се задоволни.

-Економскиот раст и развој се наш најголем фокус и приоритет. Затоа продолжуваме со јасна визија и јасни цели, македонската економија да оди напред. Државата е на патот на промените, велат од Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk