logo
logo
logo

УАПСЕНИ КОСОВЦИ – шверцувале мигранти преку Македонија

Vecer | 27.05.2026

УАПСЕНИ КОСОВЦИ – шверцувале мигранти преку Македонија

Двајца државјани на Косово се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење мигранти, откако полицијата на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.

Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, вчера во 06:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.

Претходно, на автопатот Гевгелија–Неготино биле запрени возило „фолксваген транспортер“, управувано од А.Г., и „шкода октавија“, управувана од Г.Г. При контролата во комбето биле пронајдени седум мигранти од Египет, а било утврдено и дека возилото „шкода“ служело како претходница.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по што против двајцата косовски државјани била поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик.

Одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена и тие се спроведени во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.

Мигрантите, пак, се сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk