logo
logo
logo

Ние не успеавме, НО ПРИРОДАТА ПОЧНА СО СПАС ЗА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Vecer | 07.05.2026

Ние не успеавме, НО ПРИРОДАТА ПОЧНА СО СПАС ЗА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

По години аларми за драматичното повлекување на водата, Преспанското Езеро конечно покажува знаци на закрепнување.

Последните мерења покажуваат дека за само шест месеци водостојот е зголемен за речиси метар и половина, што кај локалното население, екологистите и институциите буди надеж дека едно од најзагрозените природни богатства во регионот полека „се враќа во живот“.

Од Секторот за животна средина во Општина Ресен за ТВ 24 велат дека, покрај тоа што езерото се полни, во моментов е прекинат и долгорочниот тренд на постојано опаѓање на нивото на водата.

Според нивните проценки, доколку следуваат уште две поволни хидролошки години со повеќе врнежи и снег, нивото на езерото би можело да се доближи до состојбата што ја имало околу 2000 година.

Добрата хидролошка состојба оваа пролет најмногу се поврзува со обилните дождови и зголемените дотечни води, кои привремено го стабилизираа езерскиот систем. Но експертите предупредуваат дека и покрај моменталното подобрување, Преспанското Езеро сè уште е далеку од безбедна состојба.

Според анализите, во последните шест децении езерото изгубило околу 60 проценти од својот волумен вода – последица на климатските промени, намалените снежни врнежи, сушите, прекумерното користење на водата за наводнување и природното понирање кон Охридското Езеро преку карстниот релјеф.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk