logo
logo
logo

Стоилковиќ се сретна со претставници на НВО од различни етнички заедници

Vecer | 25.02.2026

Стоилковиќ се сретна со претставници на НВО од различни етнички заедници

 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска одржа работна средба со претставници на граѓански организации кои ги претставуваат различните етнички заедници во земјата.

Средбата беше организирана на иницијатива на вицепремиерот и министер Стоилковиќ, со цел навремено информирање на претставниците на заедниците за програмските активности и планираните проекти на Министерството за односи меѓу заедниците во текот на оваа календарска година, како и за приоритетите во претстојниот период.

На средбата присуствуваа претставници на организации од турската, бошњачката, ромската, српската и влашката заедница, како и претставници на други граѓански организации кои делуваат во насока на унапредување на меѓуетничката соработка, еднаквите можности и општествената кохезија, и тоа: Ерхан Махмутовиќ и Џемиљ Кучевиќ од Јени Јол, Тахсин Ибрахим од АДЕКСАМ и Зехријан Салих од Асоцијација на турски новинари во Македонија од турската заедница; Изета Бабачиќ од Диванхана од бошњачката заедница; Ахмет Јашаревски од Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово, Надир Реџепи од ИНСОК и Сејнур Сефер од Ромски ресурсен центар претставници на ромската заедница; Василка Китановиќ од Српски културен центар, Гордана Јовиќ – Стојковска од Српска заедница во Македонија и Зоран Жугиќ од Заедница на Србите во Македонија и Битола како дел од српската заедница; Јана Михаилова и Марија Николова од Интегра нау и Горги Горгиев од Здружението на стопанственици Власи од Македонија Мандра од влашката заедница; Бесир Дерњани од Фондација Албиз – Скопје, Флорент Бајрами од Заеднички вредности и Пранвера Касами од Институт за лидерство и јавни политики – Тетово.

Во текот на состанокот министерот Стоилковиќ ги презентираше програмата и стратешките цели на Министерството, при што беше отворена конструктивна дискусија за начинот на реализација на проектите, нивната ефикасност и навремена имплементација. Посебен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат помалите заедници, како и на потребата од институционална поддршка и партнерски однос со граѓанскиот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk