logo
logo
logo

Барање за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена

Vecer | 20.06.2025

Барање за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена

Советничката група на СДСМ поднесе иницијатива за одржување на вонредна седница во Советот на Град Скопје, со единствена точка на дневниот ред – разрешување на Јулијана Спировска од позицијата претседателка на Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена.

Од СДСМ ги повикаа сите советнички групи да ја поддржат иницијативата. Инаку, претходно градоначалничката Данела Арсовска јавно ја обвини Спировска за тековните проблеми со чистотата и одржувањето на јавниот простор во Скопје. Арсовска во објава на социјалните мрежи наведе дека Спировска има прекршок за кривично дело убиство и додаде дека во последните три години таа ниту еднаш не дала поддршка за набавка на нова механизација или за решавање на статусот на теренските работници.

Дополнително, Арсовска потенцираше дека вработените во ЈП Комунална Хигиена се меѓу најпосветените во градот, заслужни за редовното одржување на чистотата, и дека тие имаат потреба од институционална, а не од партиска поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk