logo
logo
logo

Од Гувернерот се очекува одговор, а не навреда за неписменост и обвинување за напад

Vecer | 24.03.2026

Од Гувернерот се очекува одговор, а не навреда за неписменост и обвинување за напад

Канал 5, телевизија со национална концесија, реагира на односот на гувернерот на Народна банка на Македонија кон новинар на Канал 5 кој на прес конференција упатил прашање во врска со работата на Нардона и банка и изборот на вицегувернер.

Наместо одговор на прашањето од новинарот гувернерот Трајко Славевски го доведува во прашање неговото знаење, “дали воопшто знае да чита“, и го упатува да разговара со својот главен уредник “кои се мотивите за напад на Канал 5 врз Народна банка...“

Канал 5 во својата рекација, помеѓу останатото, наведува:

“Денес целата медиумска јавност беше сведок на класичен интелектуален булинг врз екипата на Канал 5 ТВ, сторен од страна на Гувернерот Трајко Славески.

Веќе една недела работиме тема која сериозно ја отвара дилемата дали Гувернерот, како и сегашните две Вицегувернерки, извршиле повреда на позитивните законски прописи па дури и злоупотреба на службената позиција, поради непочитувањето на чл.55 став 1 од Законот за народна банка на Македонија.

Утринава бевме сведоци на еден вербален примитивизам од страна на г-динот Славески кој на нецивилизиран начин одбиваше да одговори на конкретни прашања од страна на нашиот новинар што можете и лично да го видите во изјавата на Гувернерот Трајко Славевски...“.

Македонската асоцијација на новинари МАН дава поддршка на Канал 5 и работата на новинарите да истражуваат теми од јавен интерес и да поставуваат прашања професионално, прецизно и со почитување кон соговорникот што во овој случај е и сторено, а на новинарот не му е овозможено да добие одговор на професионално поставено прашање туку добил навреда дека “со својот главен уредник е соучесник во напад на Народна банка“ што овде не е случај.

Ги потсетуваме извршителите на јавни државни партиски функции, било да се од власта или опозицијата, особено од големите партии кои се во собранието или функционерите кои извршуваат високи државни функции, дека нивна обврска кон јавноста е да дадат информации кои, на професионален начин, новинарот ги бара од нив на начин кој е во рамките на професионалните стандарди.

Притоа, недозволиво е прашање кое се однесува на нивната работа да биде третирано како “напад на институцијата или партијата“ каде што ја извршуваат својата функција.

Воедно, носителите на јавни функции, според европската пракса, кога новинарите професионално се однесуваат кон нив и нивната работа, што е случај во Канал5, и носителите на јавните функции се обврзани ан сит начин да се однесуваат кон нивната работа и медиумите.

МАН - Македонска асоцијација на новинари

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk