logo
logo
logo

Секој што потфрлил – ќе одговара, МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Vecer | 16.03.2025

Секој што потфрлил – ќе одговара, МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.

„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, напиша министерот Филков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk