Малолетничкото насилство е појава која во минатото ретко, многу ретко се случувала во училиштата во Македониј а и кога би се сличило такво нешто завршувало со драстични казни за родителите и децата насилници кои тешко потоа наоѓале начин да се запишат во друго школо и да го продолжат своето школување.
Накусо, насилството од малолетници беше ретка појава против која се бореа сите: родителите, наставниците, граѓаните и секако воспитните и казнени изнституции. Денес работите се поинакви а одговорноста е токму по наведениот редослед - од родителите на почетокот до судовите на крај.
Родителите кои не се грижат за воспитувањето на своите деца, кои се постјано одат во училиште да се караат со наставниците и учителите во заштита на однесувањето од своето дете кое “дома не е такво“ и наставниците се виновни за неговото непристојно до насилно однесување,
Логично, непристојноста и насилното однесување на децата на уличиште или на улица кое не е контролирано од родителите - се сели во нивниот дом. Последниот случај од Куманово е доказ за тоа.
Тринаесетгодишна внука од Куманово физички ја нападнала својата баба и ѝ упатувала закани со остар предмет.
– На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Исто така, според пријавеното, малолетничката ѝ упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата