logo
logo
logo

Нови таргетирани мерки после Велигден

Мицкоски: СПРЕЧИВМЕ ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ИНФЛАЦИЈА

Vecer | 07.04.2026

Мицкоски: СПРЕЧИВМЕ ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ИНФЛАЦИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преземените чекори на Владата, предводени од намалувањето на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и интервенциите кај акцизата, директно влијаеле врз стабилизирање на цените. Според неговите проекции, овие корекции оневозможиле инфлацијата за март да биде двојно поголема од очекуваните 4,5 до 5 проценти.

Како што додаде премиерот, Владата будно ја следи состојбата и веќе за првата седница по велигденските празници подготвува нов пакет мерки. За разлика од претходните, овие решенија ќе бидат прецизно насочени кон одредени категории граѓани и специфични производи со цел најефикасно да се заштити стандардот на најранливите групи.

Новите антикризни мерки ќе вклучуваат комбинација од две клучни стратегии. Покрај дополнителните намалувања на данокот на додадена вредност, Владата планира и директно ограничување на профитните маржи кај трговците за да се спречи неконтролирано поскапување на основните продукти на пазарот.

- Со корекциите што ги направивме и со овие почетни мерки за намалување на ДДВ-то и можноста да се намали акцизата ние ги преполовивме можностите за двојно поголема инфлација од онаа што се очекуваше и според меѓународни финансиски институции. Па ние врз основа на нашите пресметки очекуваме инфлацијата да се движи меѓу четири и пол и пет проценти во март. Ќе имаме засилување. Тоа засилување беше видливо во втората половина од март. Ќе правиме анализи и се разбира дека ќе донесеме одлука како и што понатаму ќе правиме - рече премиерот Мицкоски.

Премиерот повтори дека не смее да се носат одлуки под притисок, туку паметно и мудро бидејќи, како што истакна, никој не знае колку долго ќе трае целата оваа криза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk