Силно невреме проследено со многу силен ветер (скоро па Тајфун) и ситен дожд попладнево го погодија Скопје.
Стотици дрва се уриваа во центарот на градот во апокалиптичните сцени во кои контејнери шетаат по улици, градежни материјали и огради летаат на сите страни, а граѓаните блокирани - наместо да продолжат да возат без застанување, го кочеа сообраќајот во место.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно предупреди дека во попладневните часови се очекува нестабилно време со локални поројни врнежи, силен ветер и појава на грмежи.
Поради најавените временски непогоди, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а надлежните служби се ставени во состојба на целосна мобилност и се на терен, подготвени да интервенираат доколку се појават поголеми последици.
Ова е прв пат ваков тип на невреме да го погоди Скопје. Претходно, во 2016 година, силно невреме со обилни дождови зема и човечки жртви кај Стајковци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата