logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов како градоначалник доградил два ката дивоградба во Тафталиџе, купи хациенда во Маврово и две возила Ауди“

Vecer | 22.10.2021

„Шилегов како градоначалник доградил два ката дивоградба во Тафталиџе, купи хациенда во Маврово и две возила Ауди“

Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје енормно си го зголемил својот имот, за што нема основ. Шилегов пријавил дека купил хациенда во Маврово од 300 м2 за која навел дека вреди 50.000 евра, а градба на станбен квадрат е околу 400 евра, со што се поставува прашањето дали нешто сокрил Шилегов? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата велат дека тој купил и две возила Ауди кои ги нема во неговиот анкетен лист, за кои исто така треба да и кажана јавноста како ги стекнал.

- Шилегов треба да им објасни на Скопјани и како гради два ката дивоградба на зградата во Тафталиџе, но и да ги покаже уплатниците си кои тој ги платил фирмите ангажирани за работа, но и законски основ за тие пари.

Шилегов во својот анкетен лист пријавил и:

Стан од 68 квадрати во Скопје;

  • Втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје;
  • Трет стан од 72 квадрати исто во Скопје;
  • Четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје;
  • Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во која што деновиве гледаме дека се прави и лифт
  • Втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати;
  • 8 милиони денари златен накит;
  • 3 милиони денари уметнички слики;
  • Хартии од вредности.

Шилегов треба да каже како својот имот го зголемил за луксузна хациенда во Маврово од 300 м2, два ката изградени дивоградба на зградата во Тафталиџе и 2 возила Ауди. А ако Шилегов молчи институциите да одговорат и да отворат постапки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk