logo
logo
logo

Николоски: Филипче стана моторџија за да се дружи со Заев, ќе беше изненадување ако навистина дадеше оставка

Vecer | 16.09.2021

Николоски: Филипче стана моторџија за да се дружи со Заев, ќе беше изненадување ако навистина дадеше оставка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа вели дека ќе беше изненадување ако Филипче си заминеше од функцијата навистина.

- Тој стана моторџија кога почна да се дружи со Заев. Тоа полтронство нема крај. Начинот на функционирање не само на владата на Заев, туку и на целиот круг на Заеви е на криминално-мафијашка основа се знае ако падне еден паѓа системот, така е во мафијата, така е и сега, рече Николоски.

Според него оставки во оваа влада нема да има, падот ќе се им се случи по локалните избори.

-Тие работат по систем на мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk