logo
logo
logo

Николоски: Власта се обидува да врши притисок врз медиуми да не се зборува за пожарот во Тетово

Vecer | 16.09.2021

Николоски: Власта се обидува да врши притисок врз медиуми да не се зборува за пожарот во Тетово

Оваа Влада работи по систем на мафија, тие се мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Заспиј ако можеш“  на  Алфа.

-Во сета пиар агенда излезе нон пејпер, кој го има куцано Никола Димитров. Еве екслузивно автор е Димитров и зошто го има правено он знае дека има грешки. Но никој не се фати на јадицата. Поголема тема од оваа нема. Луѓето одат да се спасат во болница, а овде поради мафијаши умираат. До денес не објавија ниту колку и кои се починати, посочи Николоски.

Според него концептот е да пробуваат, да се повлекуваат од проекти, но никако да паднат луѓе од нивниот тесен круг.

-Пробаа со законот за марихуана па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk