logo
logo
logo

УАПСЕН СТЕФАН БОГОЕВ, поранешен градоначалник и директор на Царина

Vecer | 02.06.2026

УАПСЕН СТЕФАН БОГОЕВ, поранешен градоначалник и директор на Царина

Финансиската полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се лишени од слобода четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со тендерска постапка во Управата за царинско работење.

Меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа, поранешен потпретседател на СДСМ и екс-градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев.

Според првичните информации, лицата се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и незаконитости во постапка за јавна набавка.

Надлежните институции засега не даваат дополнителни детали. Се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Обвинителството да излезат со официјално соопштение за случајот.

Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Стефан Богоев е поранешен градоначалник на Карпош и долгогодишен политички функционер од редовите на СДСМ. Исто така тој е и поранешен директор на Царина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk