Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.МВР во акција -
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави
- Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана - стои во соопштението од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата