logo
logo
logo

Е па не е како и до сега: БЕХТЕЛ-ЕНКА НЕМА ДА ДАВА ОТКАЗИ И ВЛАДАТА НЕ ИМ ДОЛЖИ ПАРИ

Vecer | 07.03.2026

Е па не е како и до сега: БЕХТЕЛ-ЕНКА НЕМА ДА ДАВА ОТКАЗИ И ВЛАДАТА НЕ ИМ ДОЛЖИ ПАРИ

Компанијата Бехтел и Енка најави дека ќе отпушта од работа најмалку 50 работници, а потоиа и повеќе, кои работат на сообраќајните градежни проекти затоа што немале пари бидејќи владата не им плаќала.

Веста вознемири семејства на вработени во таа компанија но, и јавноста која очекува напередок на градежните работи и која претходнои веќе имаше проблематичен углед откако владата на СДСМ и ДУИ плати авансно над 220 милиони евра а тие не ни започнаа со работа.

Сега, работите со Бехтел и Енка имаат друга страна и друга влада. Нема ништо точно во информацијата дека владата им должи пари - напоротив, се е на време пшлатено согласно извршеното.

Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8.

Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:

- Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси.

Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.

Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, рекоа од компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk