logo
logo
logo

(ВИДЕО) Се што кажа Изет Меџити - БЕШЕ ВО ПРАВО

Таравари оди во ОПОЗИЦИЈА - за да го заштити криминалот и корупцијата на ДУИ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Vecer | 12.05.2025

Таравари оди во ОПОЗИЦИЈА - за да го заштити криминалот и корупцијата на ДУИ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Крилото на Алијансата за Албанците (AA) на Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово на состанок со највисоките раководни органи на партијата донесе одлука да одат во опозиција.

- Донесовме одлука да одиме во опозиција. Ќе останеме во владата додека не се изберат наследници на функционерите од Алијанса - рече предмалку Арбен Таравари.

Иако тврдеше дека пратеничата група и останатите функционери од неговото крило се компактни, сепак тој не даде прецизен одговор кој ќе оди со него, а кој ќе остане во владеачката коалиција, правдајќи ги некои од функцонерите дека не се изјасниле поради семејни обврски.

Во образложението на одлуката Таравари рече дека наводно, се враќаат кај народот, бидејќи слушале многу критики во изминатиот период за начинот на кој биле третирани албанците во институциите на власта (н.з. кадрите на ДУИ, бидејќи сите вработувања во држвната администрација во изминатите 20 години се од ДУИ).

- Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани, рече Таравари, кој не презема никаква одговорност за прочистување на криминалот и корупцијата во институциите која ја создаде ДУИ преку своите кадри.

Тој посочи дека сега како опозиција, нормално е да се очекува да имаат комуникација со сите политички партии, а напомена дека ќе има завршно кафе со премиерот Христијан Мицкоски.

Останува лично да му ја соопшти на премиерот Мицкоски, на последното коалициско кафе што треба да го испијат до крајот на неделава.

Таравари рече дека очекува да добијат свои градоначалници на локалните избори во Кичево, Долнени, Gostivar и уште неколку општини.

Тој истакна дека незадоволството кај албанскиот електорат е големо посебно поради Балансерот и европскиот пат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk