logo
logo
logo

„Дали возилото на Панче било 3 ДЕНА ВО СКОПЈЕ ПРЕД ГРАБНУВАЊЕТО НА ВАЊА, а пријавено како исчезнато?“

Vecer | 09.12.2023

„Дали возилото на Панче било 3 ДЕНА ВО СКОПЈЕ ПРЕД ГРАБНУВАЊЕТО НА ВАЊА, а пријавено како исчезнато?“

Спасовски и власта замижувајќи пред поведението на Палевски, создадоа монструозен лик кој се товари за две свирепи убиства, на велешанецот Панче и за малата Вања. Овие две убиства ќе им тежат на совеста на Спасовски и власта од повеќе причини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив затоа што дозволија Палевски да сее омраза, да навредува, да се заканува и да клевети преку своите поткасти и гостувања на интернет порталот и за сето тоа да помине несанкциониран, ниту пак било кој од порталот или институциите да го опомене.

- Тоа го охрабри да почне да рекетира и да уценува, па дури и да убива. Власта на Ковачевски и Спасовски сето тоа го одмолча, мислејќи дека така и создава опозиција на опозицијата. Друго, затоа што Палевски и неговата екипа кои сега се обвинети за монструозните убиства, пред 7 месеци биле откриени како копаат артефакти во Демир Капија и како со себе имале нелегално оружје. Доколку биле казнети тогаш, немаше да дојде до убиствата кои се случија сега, потенцираат тие.

Оттаму додаваат дека дополнително, Спасовски  и власта треба на јавноста да и одговори зошто не се преземени сите мерки во истрагата после исчезнувањето на велешанецот Панче и неговото возило, со кое потоа е направено грабнувањето на малата Вања, иако било пријавено до полицијата?

- Зошто истото не било лоцирано во Скопје со системот Сејф Сити пред или веднаш после исчезнувањето на девојчето? Од МВР со денови молчат и не кажуваат дали е точно дека возилото било 3 дена во Скопје пред да се случи грабнувањето на девојчето, а истото возило било претходно пријавено како исчезнато заедно со сопственикот Панче Жежовски? – прашуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека молкот на Спасовски и власта  покажува дека оваа трагедија се случи заради неказнивоста кон Палевски поради неговата заштита која ја уживал во партиски и полициски структури на СДС, поради тоа што после толку сеење на омраза и создавање на токсична атмосфера се почуствувал охрабрен да стори вакво дело и поради тоа што постојат серија пропусти во истрагата уште после пријавувањето на исчезнувањето на првото лице, велешанецот Панче и неговиот автомобил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk