logo
logo
logo

Кривични пријави за кумановски инвеститор и за градежна инспекторка

УРНАЛ КУЌА НА НАРОДЕН ХЕРОЈ, ЗАШТИТЕНА СО ЗАКОН, СИ НАПРАВИЛ ДИВОГРАДБА

Vecer | 02.06.2026

УРНАЛ КУЌА НА НАРОДЕН ХЕРОЈ, ЗАШТИТЕНА СО ЗАКОН, СИ НАПРАВИЛ ДИВОГРАДБА

СВР Куманово поднесе кривични пријави против двајца 52-годишни кумановци поради сомнежи за уништување на заштитено културно наследство, бесправно градење, узурпација на државно земјиште и несовесно работење во службата.

Според полицијата, првопријавениот во текот на 2023 година ја урнал куќата на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак. Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство и се наоѓал во регистарот на спомен-обележја на Општина Куманово.

По уривањето на куќата, на истата локација тој, како инвеститор, изградил објект од втора категорија без претходно да обезбеди одобрение за градење од општинскиот сектор за урбанизам. Според пријавата, градбата била подигната на земјиште во државна сопственост.

Втората пријавена, која работела како овластен градежен инспектор, се товари дека несовесно ги извршувала службените должности. Според наводите, таа донела решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба, иако била должна целосно да ја провери состојбата на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk